1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцидент при одбележувањето на Свечената академија

Свето Тоевски21 декември 2006

Во текот на Свеченатат академија по повод одбележувањето на 12 годишнината од Тетовскиот универзитет се случи инцидент.

https://p.dw.com/p/AdaH
Георгиевски во Тетово
Георгиевски во ТетовоФотографија: DW

Вчера вечер во Центарот за култура во тетово на одбележувањето на 12 годишнината од втемелувањето на Тетовскиот универзитет се случи инцидент. Обезбедувањето на Свечената академија претепа некоклу студенти на оваа високо – обрзовна инститција, откако тие реагираа на излегувањето на претседателот на Парламентот Љубиша Георгиевски на бината со свирежи и извикувања, недолични зборови.

Парламентарниот спикер Георгиевски не ја прекина својата поздравна реч, говорејќи само на албански јазик. Во салата во која останаа празни местата резервирани за Али Ахмети и другите од Демократската унија за интеграција. По завршувањето на Свечената академија претседателот на Парламентото Георгиевски со широка насмевка одглуми чудење, откако новинарите го прашаа како го коментира инцидентот „Немаше инцидент“ кажа Георгиевски

Тој се покажа и како толерантен човек „Сите имаат право да имаат свое мислење, се додека тоа е во рамки на една пристојна стуација. Не ме поколеба ништо, се заврши се добро. Преовлада добрата волја. Така ќе биде и со оваа змеја, на крај ќе преовлада добрата воја. Бидете оптимисти и не губете надеж.“

Главниот партиски шеф, вчера во Центарот на културата во Тетово, заменик претседателот на ДПА, Мендух Тачи рече дека луѓе, блиски до Али Ахмети од ДУИ го предизвикале немилиот настан „Дозволиво е некој да свирка и да вика, да протестира, да покажува незадоволств. Но не веќе нема да биде дозволена употреба на сила, криминал, корупсија и такви дејства.“ рече Тачи

Полицијата досега не се огласи со детали за она што се случи. Мендух Тачи негираше поврззаност на неговите луѓе со тепањето на студентите.

Ајрлинд Ајри, студент на правниот факултет на тетовскиот универзитет, контра тврдењата на Тачи и со објаснување и за причината зошто така реагирале на истапувањето на спикетрот Љубиша Георгиевски „ Ме истепаа бодигардите на Мендух Тачи. Беа 20 – 30. Кога излезе Љубиша Георгиевски, тогаш сите ние се револтиравме. Тој беше против овој универзитет. Не може тој да дојде тука и да кажува зборови, кога велеше на Албанците ќе им се скратат прстите, нозете и така натаму. Тоа е фашизам, тоа е национализам.“