1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак бара преиспитување на странските безбедносни фирми

18 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhB7

Ирачката влада бара преиспитување на статусот на сите странски фирми за безбедност кои работат во таа земја. Портпарол на владата изјави дека повод за барањето е престрелката во Багдад во неделата, во која загинаа најмалку осуммина цивили. Во неделата соработници на американската фирма за безбедност, Блеквотер, кои ескортираа конвој на американската амбасада пукаа околу себе. Причина за пукањето, според американски наводи, бил напад врз конвојот. Владата еден ден подоцна на Блеквотер и ја одзеде лиценцата за работа.