1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак бара 136 милиони долари од Блеквотер

9 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bo3p

Ирачките власти бараат американската фирма за обезбедување Блеквотер да исплати 136 милиони долари отштета за жртвите во инцидентот од средината на минатиот месец. Ова се наведува во извештајопт на владината комисија, која вчера соопшти дека приватната американска фирма за обезбедување без причина на 16 септември во Багдад застрелала 17 лица. Портпаролот на комисјата изјави дека конвојот дипломати кој бил обезбедуван од страна на „Блеквотер„ воопшто не бил нападнат и немало причина да отвори оган. Во извештајот се наведува дека одговорните во случајот мора да бидат казнети според ирачкиот закон.