1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – заложници

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anto

Во ирачкиот главен град Багдад, вооружени лица киднапираа петмина британски државјани. Ова го потврди британското министерство за надворешни работи. Премиерот Тони Блер изјави дека ќе биде направено се да им се помогне на грабнатите лица. Во првите извештаи на арапските медиуми се тврдеше дека биле грабнати тројца Германци, но тие вести не се потврдија, како што соопшти министерот за надворешни рабопти Франк Валтер Штајнмајер. Истовремено, тој ја подвлече солидарноста со Велика Британија и побара недоложно ослободување на грабнатите.