1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – киднапирање - деманти

31 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntG

Висок претставник на ирачките шиити ги демантираше денеска тврдењата оти припадници на Мехди милицијата стојат зад грабнувањето на петтемина Британци во Багдад. Демантот на близок соработник на верскиот водач Моктада ел Садр доаѓа веднаш по изјавиата на британскиот Форин офис дека постојат повеќе индиции за вмешаност на оваа шиитска групација. Во меѓувреме уследи и широка операција на пребарување на американската, британската и ирачката војска низ квартот на Багдад Садр сити, што се смета за најважно упориште на Мехди милицијата