1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – конференција

5 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7P

Учесниците на меѓународната конференција за Ирак што се одржа во Шарм ел Шеик се изјаснија за што е можно побргу пренесување на одговорноста за безбедноста на земјата во рацете на ирачките сили. Во завршната декларација од конференцијата се вели дека ваквиот процес мора да добие поддршка, но не е наведен временски план за повлекување на американските сили од земјата. До владата во Багдад е упатен апел да работи на помирување на различните националности. Ирак од своја страна се обврза на политички реформи за да овозможи поголемо вклучување на сунитското малцинство во политиката.