1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак пред граѓанска војна?

26 февруари 2007

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики говореше за успешна акција на американските и ирачките сили против бунтовниците во Багдад најавувајќи подобри времиња во земјата. Но, естремистичките напади од викендов во кој животот во Ирак го загубија најмалку сто лица, покажува сосема поинаква слика на теренот. Јерг Камиснки ја анализира.

https://p.dw.com/p/Adsy
Карта на Багдад
Карта на БагдадФотографија: AP

Секој кој ќе ги погледне нападите кои се случија на викендот во Ирак, а особено во Багдад тешко дека ќе им поверува на американските и на ирачките политичари и воени офицери. Додека тие известуваа за големите успеси на офанзивата против буннтовниците во главниот град, во останатиот дел од земјата загинаа неколку десетици луѓе во други напади. Ништо не е сменето во страотното, смртоносно секојдневие во Ирак. Големата офанзива на американските и ирачките трупи започна на 14 фебруари со цел да се уништат оперативните бази на екстремистите и да се онеспособат радикалните групи.

Премиерот Нури Ал Малики во саботата покажа оптимизам изјавувајќи дека оваа операција ги постигнала зададените цели. Говореше за првите успеси. Според него во акцијата биле убиени 400 бунтовници, а голем број лица се уапсени. Но, ситуацијата во Багдад е поинаква. Најмалку 40 лица загинаа во вчерашниот напад пред универзитет во шиитски кварт во градот. Во друг напад, исто така во шиитски дел загинале 10 лица. Бројот на напади и жртви не може ниту да се знае точно бидјеќи се достапни само податоците од Багдад, кој не е единственото место каде што делуваат терористите. Сите овие настани им даваат за право на оние кои сметаа дека воената офанзива во Багдад има малку шанси за успех. И самите Американци зборуваат за последен обид да се спречи граѓанска војна во земјата. Дури и кога акцијата во Багдад и покрај сите сомнежи би била успешна, се поставува прашањето што ќе се случува во останатите делови од земјата. Таму каде што се повлекоа поголем дел од терористите од главниот град. Ваквите информации впрочем ги потврдија и американските сили на северот на Ирак , каде во последно време значително се зголемени екстремистичките напади.

Слична е состојбата и во многу други делови од земјата, велат ирачките политичари. Тие сметаат дека американската офанзива, која веројатно ќе трае до летоска, може да има само краткорочен успех. Бидејќи во моментот кога американските трупи ќе се повлечат, во главниот ирачки град повторно ќе завладее анархија.