1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Iran Gedenkfeier Proteste

30 јули 2009

Иранската полиција употреби сила за време на комеморацијата за загинатите демонстранти на протестите по изборите во Иран. Водачот на опозицијата Мусави бил принуден од страна на полицијата да ги напушти гробиштата.

https://p.dw.com/p/J03a
Од протестите кои во изминативе месеци владеат во ИранФотографија: AP

Четириесет дена поминаа откако Неда Ага-Солтан беше убиена од истрел на улиците во Техеран, додека протестираше против резултатите од иранските претседателски избори. На роднините и пријателите на студентката им е јасно дека куршумот беше истрелан од оружјето на исламистичките доброволни сили, кои веќе со години насилно се справуваат со секој, кој е против режимот. Токму затоа за голем дел од иранските демонстранти Неда стана симбол, чија жртва ја отсликува вистинската ситуација во земјата и засекогаш ќе остане во сеќавањата.

Iran "Neda Video" Screenshot Youtube
На интернет може да се најде и снимка од убиството на НедаФотографија: youtube.com

Поразениот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави за денеска ја закажа комеморацијата за да им се оддаде почит на сите жртви од протестите. Беше планирано церемонијата да се одржи пред најголемата џамија во Техеран, Мошала, а на неа не беше предвидено да се држат никакви говори, туку единствено требаше да се читаат делови од Коранот. Иако опозицијата на својата веб-страница тврди дека целта на собирот не е да се претвори во политичка манифестација - министерството за внатрешни работи издаде забрана за негово одржување.

Автор: Улрих Пик / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска