1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

'Halal Internet'

Фарназ Сеифи/Бен Најт/ Ж.Ацеска1 октомври 2012

Првата фаза на иранскиот национален интернет проект елансирана во министерствата ширум земјата. Активистите стравуваат дека ова е знак за отсечување на иранскиот народ од светската мрежа.

https://p.dw.com/p/16I8a
Фотографија: Fotolia/kebox

Изминатите неколку денови повеќемина ирански државници споменаа како неизбежно создавање „наш сопствен интернет“, кој би можело да биде опишан како „халал интернет“.

Реза Тагипур, иранскиот министер за информации и комуникации, минатата недела објави дека првата фаза од овој проект, кој ја опфаќа целата нација и владините служби и институции во 29 провинции, е лансирана на 21. септември. Тагирпур изјави дека сите ирански универзитети ќе станат дел од оваа мрежа до почетокот на 2013. година, што ќе претставува дополнителен чекор кон исклуќувањето на Иран од глобалниот интернет.

Владините функционери објавија потоа за блокирањето на пристапот кон Гугл и Гмеил како реакција на антиисламскоот видео, што предизвика протетси ширум муслиманскиот свет во изминатите седмици.

Screenshot Facebook Save GHOLAMREZA KHOSRAVI
Иранскиот политички затвореник Голамрез Косрави на Фејсбук, тој наскоро треба да биде погубен

Абдоласамад Корамабади, ирански офицер од Одделот за цензура на интернет објави дека одлуката е донеена во согласност со волјата на Комиттеот за цензура.

„Добивме писмена одлука на Комитеот за цензура утрово“, изјави за Дојче веле софтверскиот инженер од Техеран Мохамед.

„Комитетот тоа го образложи како чин против ЈуТјуб, иако ЈуТјуб е филтриран од пред неколку месеци“.

Страв од изолација

Организациите за заштита на човековите права и интернет активистите веруваат дека овој потег означува почеток на крајот на дигиталните слободи во Иран. Меѓутоа, ирански функционери ова го негираат и инсистираат на тоа што проектот ќе работи паралелно со глобалниот интернет на „подобрување на брзината и квалиттеот“.

„Оградувањето од глобалниот интернет е како самонаметната санкција. Нема логика“, вели Мохамед Сулејмани, бивш министер за комуникации во интервју за иранската Студентска новиснка агенција ИСНА:

„Не постојат јасни, детални информации за иранскиот национален интернет проект“, истакнува за Дојче веле Амин Сабети, блогер стациониран во Лондон.

„Но, мислам дека Иран нема доволно добра инфраструктура за во целост да го блокира пристапот на корисниците кон интернет“, дополнува тој, признавајќи сепак дека властите задолжени за цензура можат да направат нешто неочекувано, како што е долуката за блокирање на Гугл и Гмеил.Многу службени изјави кои доаѓаат од Иран се загрижувачки. Два месеци порано Министерството за информации потврди дека во „95 проценти случаине мора да постои конекција кон меѓународната мрежа за да може да се користи интернет“. Во мешувреме, многу службеници тврдат дека „халал интернет“ е најдобар начин за заштита на религиозните и националните вредности.

Iran Internet Studenten
Студенти по информатика во ИранФотографија: dapd

Заштитата од сајбер криминал како изговор

Речиси пет милиони интернет страници, вклучувајќи ги и социјалните мрежи како Фејсбук или Твитер, во Иран се веќе блокирани и земјата се наоѓа на четврто место на листата држави со најголема цензура во светот, веднаш зад Еритреја, Северна Кореја и Сирија.Зад овој прокет веројатно се кри и стравот на Иран од сајбер напади налик на оној кој беше извршен во нуклеарните постројки во 2010. година. Земјата сака да ги заштити своите чувствителни податоци и да оневозможи тие да се најдат на интернет. Властите сметаат декакреирањето национален интернет пружа посигурна алтернатива во однсо на странските мрежи над кои немаат воопшто никаква контрола.

Но, организациите за заштита на човековите права во ова гледаат само изговор на иранскиот режим да врши репресија над своуте граѓани.

„Главниот проблем е односот на исламската република кон технологијата. За жал, властите ги користат искуствата на сите влади каде е забекежана лоша состојба во заштитата на човековите права, од Кина до Бурма, само со една цел: репресија над граѓаните“, истакнува за Дојче веле Реѕа Моини, шеф на авганистанскиот и таџикистанскиот деск во „Репортери без граници“. Тој верува дека идеална иднина според иранската влада би била задржувањето на глобалниот интернет поради економскиот и банкарскиот систем на земјата, а блокирање на пристапот за обичните корисници.