1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран бара дозвола за помен на жртвтите

26 јули 2009

Опозициските лидери во Иран денеска упатија барање до Министерството за внатрешни работи, во кое се бара дозвола за организирање на комеморација во спомен на жртвите, кои настрадаа во протестите по изборите.

https://p.dw.com/p/IxeL
Протестите вчера добија и меѓународна поддршкаФотографија: AP

„Бараме дозвола да го одбележиме четириесетдневниот помен од смртта на нашите граѓани, кои ги изгубија животите во овие трагични настани“, се вели во писмото што поразените претседателски кандидати, Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби, го испратија до иранскиот министер за внатрешни работи. Како што пренесуваат иранските агенции, во барањето се наведува дека комеморацијата би се одржала во четврток, во големата џамија Мошала во Техеран, што често се користи за масовни религиозни церемонии. Двајцата опозициски лидери наведуваат дека на поменот не се планирани никакви говори, програмата ќе се состои единствено од читање на делови од Коранот, а од присутните ќе се побара да ја искажат својата почит со молк. Во демонстрациите по реизборот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад беа убиени околу дваесет лица.

Се` уште не е јасно дали Министерството за внатрешни работи ќе го одобри барањето, особено поради фактот што по избивањето на постизборните демонстрации, владата ги забрани сите масовни собири. Барањето за комеморација доаѓа само еден ден, откако вчера Мусави и Каруби, заедно со поранешниот претседател Мохмад Катами, побараа од верските челници да се заложат за прекин на „репресијата“ што властите ја вршат по протестите. Иранските медиуми објавија дека двајца млади луѓе, уапсени за време на демонстрациите, починале во затворот.

Меѓународна солидарност

Iran 17_07_2009
Во демонстрациите загинаа најмалку дваесет лицаФотографија: AP

Барањето за почитување на човековите права во Иран вчера беше поддржано и со меѓународни демонстрации. Илјадници луѓе во повеќе од осумдесет градови ширум светот побараа ослободување на затворените активисти на иранската опозиција, кои се спротивставија на изборните резултати.

„Нашата цел денеска е да побараме од ОН да испратат делегација во Иран, што ќе ги испита кривичните дела и прекршувањата на човековите права што се случија по претседателските избори на 12 јуни“, вели еден од демонстрантите во Њујорк.

Во самиот Техеран, пак, вчера се собраа стотици приврзаници на опозоцијата, а според изјавите на очевидците, безбедносните сили повторно се однесувале насилно кон демонстрантите.

Протести за солидарност вчера беа организирани и во Европа. Во Стокхолм се собраа повеќе од четири илјади лица, во Копенхаген околу илјада. Демонстрации против прекршувањата на човековите права во Иран се одржаа уште во осумдесетина други градови, меѓу кои и Амстердам, Лондон и Берлин.

Автор: Т.Т./С.Н./фена/афп/дв

Редактор: Трајче Тосев