1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран ги потврди преговорите во Истанбул

СН/ЕМФ/ртр/афп/дпа8 април 2012

Техеран сепак го прифати Истанбул како место за одржување на новата рунда преговори за спорната иранска атомска програма.

https://p.dw.com/p/14Zar
Фотографија: picture-alliance/J.W.Alker

Наредните преговори меѓу Иран и шесте големи сили за спорната нуклеарна програма на Техеран ќе се одржат в петок (13.04) во Истанбул, пренесе денеска (08.04) иранската државна телевизија на англиски јазик „Прес ТВ“. Телевизијата ја пренесе оваа информација повикувајќи се на неименувани извори.

Досега турската финансиска метропола беше прифатлива локација за петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Франција, Русија, Кина , Велика Британија) и Германија, додека Техеран предлагаше други места (Ирак или Кина) како можни домаќини на новата рунда преговори, бидејќи неговите односи со Турција влегоа во проблематична фаза поради различните ставови во врска со кризата во Сирија.

Предлагањето на алтернативни локации за преговорите разбуди стравувања дека во таков случај разговорите нема да можат да бидат организирани до закажаниот рок - петок 13. април.

Преговорите на шесте светски сили со Иран околу неговата спорна атомска програма беа прекинати во јануари минатата година.

Западот го обвинува Иран дека под плаштот на мирнодопската атомска програма тајно развива нуклеарно оружје. Иран пак, тврди дека негова единствена цел е производството на електрична енергија и медицински изотопи.