1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

100610 Iran Lage

12 јуни 2010

Каква е политичката ситуација во Иран, една година по изборите од кои како победник повторно излезе Махмуд Ахмадинеџад и кои предизвикаа жестоки опозициони протести, со десетици жртви?

https://p.dw.com/p/NoN1
По протестите беа уапсени илјадници опозиционериФотографија: mehr

На средината на април, во Иран се одржа самит за разоружување. Беше речено дека на средбата учествувале претставници на повеќе од 50 земји. Самитот се подразбираше себеси како противтежа на самитот за нуклеарно вооружување, што се одржа во Вашингтон една недела претходно. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го искористи форумот за да се инсценира себеси како адвокат на слабите наспроти т.н. светски сили:

„Очекувањето силите со право на вето и најголеми извозници на оружје во светот да се грижат за светската безбедност, е нелогично. Една персиска поговорка вели: ниту еден нож не ја сече сопствената рачка.“

Iran Pressekonferenz von Präsident Mahmoud Ahmadinedschad in Teheran
Се претставува како адвокат на слабите - Махмуд АхмадинеџадФотографија: AP

Амбивалентноста на Техеран

Самитот во Техеран беше типичен пример за амбивалентната политика на иранската влада. Се прават обиди за залагање за оние во светот кои не се доволно развиени, а во сопствената земја се‘ потешко се излегува на крај со големите социјални проблеми. 20 проценти од Иранците, официјално, живеат под границата на сиромаштија и тој број се зголемува секој месец, со оглед на растечката инфлација. Освен тоа, бројот на невработени неофицијално изнесува над 30%. Поради сето тоа, најголемиот број Иранци не можат да преживеат доколку имаат само едно работно место:

Arbeitslosigkeit im Iran
За да преживеат, луѓето мора да работат на две-три местаФотографија: ISNA

„Има луѓе кои имаат дури и три различни работи, зашто овде во Иран, ако се има само едно работно место не може да се живее. Дури и пензионерите мора да наоѓаат дополнителна работа.“

Суровоста во секојдневието расте

Згора на тоа доаѓа и растечкиот внатрешнополитички притисок. Од спорните претседателски избори, пред една година, климата во земјата стана многу порепресивна. Така е зашто се зголемува моќта на Револуционерната гарда. Тоа се гледа од зголемената милитаризација и примена на насилство во секојдневието, за што потврда е и задушувањето на протестите по изборите. Во меѓувреме, 13 од вкупно 21 министер во владата е од нејзините редови. Растечката суровост во третманот на оние што мислат поинаку се покажува во однесувањето на т.н. зелена опозиција. Иако се чини дека опозицијата има се‘ повеќе приврзаници меѓу населението, нејзе ја има се‘ помалку во јавноста. Се вели дека се избегнуваат нови жртви. Сепак, како што тврди оваа граѓанка на Техеран, ваквата слика не смее да предизвика погрешен заклучок:

„Тоа е како пливач кој зема воздух и повторно се нурнува и плива. Не го гледаме додека плива под вода. Тоа значи дека ако не ги гледаме луѓето, тоа не значи и дека тие се скриле дома и се предале.“

Автор: Улрих Пик / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски