1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран има единствена шанса!

20 ноември 2009

Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи се надева дека до крајот на годинава ќе се постигне договор со Техеран околу актуелниот конфликт, зашто ваквата прилика тешко дека ќе се повтори

https://p.dw.com/p/KbwR
По 12 години на чело на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи си заминува од функцијатаФотографија: picture-alliance / dpa

„Верувам дека топката сега е во рацете на Иран. И дека нема да ја пропушти оваа единствена шанса која може брзо да одлета“. Изјави генералниот директот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи во Берлин осврнувајќи се на актуелните случувања во релациите со Иран, по последниот предлог до Техеран за кој Ел Барадеи е оптимист дека може да се финализира во наредниве недели.

Од конфронтација - во доверба

Нуклеарниот план за горивото според мене е прва можност од почетокот на конфликтот со Иран да има поместување од конфронтација - во соработка. Иран побара помош за збогатувањето на горивото за нивниот истражувачки реактор, што се користи за медицински изотопи за дијагностицирање на рак. Согласност за ова е добиена од САД и Русија и Франција, вели Ел Барадеи, објаснувајќи дека ова е единствена прилика да се направи поместување од санкции и конфронтација во процес на градење доверба. По средбата во Виена, планот бил уранот произведен во Иран, да се збогатува во Русија, преработува во Франција и да се враќа назад во Иран. Предлогот е единствен зашто ги отвора вратите на соработка меѓу спротивставените страни и за првпат американскиот претседател Обама изразил подготвеност за копромис. Но, Иран и натаму се сомнева, па Ел Барадеи предложил земја посредник да биде Турција.

Atomsymbol vor iranischer Flagge
Фотографија: AP

Мудри санкции“

Во моментов се чека одговорот од Техеран. Дали доколку предлогот се отфрли ќе следат санкции, Ел Барадеи коментира дека не ги сака санкциите. Но, доколку мора да ги има, тогаш е за таканаречени „мудри санкции“ кои ќе го погодат режимот, а не населението. Тој бил сведок на санкциите кон Ирак. Вели дека биле страотни зашто во име на човековите права страдаше населението. Затоа сега сите актери треба да погледнат кон поврзаноста и влијанието на развојот и безбедноста и да направат напор и тој дел од светот да се сприклучи кон останатиот и да зачекори нанапред.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска