1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран останува упорен

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/Antf

Иран потврди дека и покрај сите меѓународни критики, ја продолжува својата атомска програма. Еден ден пред планираната средба со евро-дипломатот Хавиер Солана, иранскиот преговарач Али Лариџани изјави дека прекинувањето на атомската програма не е тема за разговори. Вчера, министрите за надворешни работи на Европската унија и на 16 азиски држави побараа од Иран да го запре збогатувањето ураниум.