1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран планирал напади во Германија?

1 декември 2011

Германските безбедносни власти го сомничат Иран за планирање напади врз американските воени бази во Германија, во случај на американски напад врз Техеран.

https://p.dw.com/p/13KYb
Американската воена воздухопловна база во РамштајнФотографија: dpa

Германскиот сојузен обвинител Харалд Ранге денеска во Карлсруе потврди дека се води истражна постапка за овие сомневања. Претседателот на Сојузната служба за борба против криминалот. Јерг Цирке, меѓутоа истакна дека не постои непосредна опасност.

Весникот „Билд“ објави претходно за плановите на Иран со напади да го парализира снабдувањето и логистиката на Американците. Германското сојузно обвинителство располага со информации за разузнавачка активност на германски бизнисмен кој одржувал конспиративни контакти со иранската амбасада во Берлин. Во врска со овој случај на почетокот на ноември е вршен претрес, соопшти ранге, но не изнесе детали.

САД во Рамштајн, во германската покраина Пфалц, ја имаат најголемата воена база во светски рамки, преку која се одвива значаен дел од снабдувањето и логистиката за војните во Ирак и во Авганистан. Во најголемата воена болница во Ландштул во близината пак се сместени ранетите војници од кризните региони. Двете локации располагаат со огромно обезбедување.

Автор: ЖА/СН/дпа/ртре

Редактор: Симе Недевски