1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран предупредува од „Трета светска војна“

ЖА/дв/дпа/миа24 септември 2012

Иран не исклучува воен напад врз Израел со кој би го уништил неговиот атомски потенцијал. Конфликт меѓу Иран и Израел може да доведе до трета светска војна, предупреди висок ирански офицер.

https://p.dw.com/p/16D8b
Фотографија: dapd

Доколку Иран биде сигурен дека Израел подготвува напад, може да дојде до превентивен воен удар, изјави бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех, командант на воената авијација на Револуционерната гарда.

Конфликт меѓу Иран и Израел може да доведе до трета светска војна, изјави вчера Амир Али Хаџизадех.

„Не можам да замислам дека Израел ќе започне војна против Иран без поддршка на САД, а потоа евентуалната војна ќе биде меѓу двете земји. Во таков случај се‘ ќе излезе надвор од контрола, бидејќи други земји ќе се вклучат или на страната на Иран или против него и тоа може да доведе до трета светска војна“, истакна Хаџизадех.

Тој предупреди дека при евентуална конфронтација со Израел, Иран ќе ги смета сите американски воени бази во реонот за американска територија и тие ќе станат негова мета.

Тој нагласи дека Израел ја нема потребната воена моќ за да му се спротивстави на Иран.

Западот го сомничи Иран дека под плаштот на цивилна програма, всушност тајно работи на развој на атомско оружје. Раководството во Техеран тоа го демантира. Израел ја смета атомската програма на својот сосед за најголема закана за својата егзистениција и се закани индиректно со воен удар против иранските атомски постројки.