1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран прифаќа преговори, но одбива предуслови

1 јуни 2006

На предлогот на американскиот претседател Џорџ Буш Иран реагираше двострано: не се одбиваат преговори, но се одбиват предуслови. Американскиот предлог поздравен од германска страна, подеднакво како и од агенцијата за атомска енергија:

https://p.dw.com/p/Ac6B
Дали ќе се смират антизападните демонстрации во Иран?
Дали ќе се смират антизападните демонстрации во Иран?Фотографија: DW

Во првата реакција на официјален Иран, државната телевизија во Техеран ги цитира зборовите на министерот за надворешни работи Мунахер Мотаки, според кој неговата земја е подготвена на преговори, но во никој случај со американските предуслови. Имено, Вашингтон побара Иран да ги прекине сите активности во неговата атомска програма, додека Мотаки вели, цитат:„ Нема да се откажеме од нашето природно право за облагородување на ураниумот, и за тоа нема да разговараме. Меѓутоа, можеме да разговараме за разликите и обостраните ставови„, изјави Мотаки во првата реакција.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер го поздрави американскиот предлог до Иран оценувајќи го како „вистинско јакнење на напорите„. По средбата со холандскиот колега Бернард Бот во Берлин, Штајнамјер изјави:

„Ние само можеме заеднички да се надеваме дека одговорните во Техеран ќе знаат да ја оценат далекусежноста на оваа најава и ќе реагираат соодветно на тоа„.

И Меѓународната агенција за атомска енергија ја поздрави американската готовност, под одредени услови да преговара со Иран околу спорната атомска програма на оваа земја. Цел мора да биде сеопфатен договор прифатлив за обете страни, изјави шефот на агенцијата Мохамед Ел Барадеи. Тој го повика Иран на поголема флексибилност, а истото барање стигна и од Саудиска Арабија и Египет. Кина повтори дека одбива можни санкции против Техеран, како што изјави портпаролот на министерството за надворешни работи во Пекинг, Лиу Јианчао. Истовремено, тој ја поздрави понудата на Вашингтон за дијалог со Техеран. Инаку, министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за безбедност и Германија денеска во Виена ќе разговараат за натамошните потези во врска со атомскиот спор со Иран.