1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран самиот може да си обезбеди нуклеарно гориво

10 април 2007

Критики од сите страни на најавата од иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад дека неговата земја започнува производство на нуклеарно гориво на индустриско ниво.

https://p.dw.com/p/Abxt
Горда објава на Ахмадинеџад
Горда објава на АхмадинеџадФотографија: AP

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го повика Иран на вразумување:

"За секоја земја членка е многу важно да се придржува кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.Апелирам до иранската влада и таа да го прави тоа."

Германското претседателство со ЕУ остро го критикуваше Техеран што не се придржува кон барањата на Меѓународната агенција за атомска енергија,соопшти германскиот претставник во Женевската конференција за разоружување,Бернхард Брасак.

Руската влада најавата на Иран ја смета за провокација.

Портпаролот на американскиот претседател Џорџ БУш ,Гордон Џондро, изјави загриженост околу најновиот развој на иранската нуклерана програма,повикувајќи го Иран да ги исполни обврските кон Меѓународната агенција.Портпаролот на американското министерство за надворешни работи Шон Меккормак чекорот на Техеран го означи за пропуштена шанса да се сватат сериозно грижите на меѓународната заедница,која се покажува,со право вовела санкции кон Иран.

И британската влада е загрижена.Ова значи натамошно прекршување на Резолуцијата на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија,изјави портпарол на британската дипломатија.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера во Натан

на свеченото одбележување на годишнината од првото успешно збогатување ураниум,најавувајќи почеток на индустриско производство ураниум,одново ги критикуваше ОН за воведените санкции кон Иран.Тој повтори дека неговата земја има право на користење на атомската енергија во мирни цели.

Иранскиот преговарач Али Лариџани објави дека Иран инсталирал 3 илјади центрифуги за облагородување ураниум.

Спорд степенот на облагородувањето,ураниумот може да се користи цивилно и воено.Меѓународната заедница се сомнева дека Иран работи на изработка на атомска бомба.