1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран ја брани својата атомска програма

15 јануари 2006

Советот за безбедност на ОН не е тело кое треба да ги спроведува барањата на западот,изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

https://p.dw.com/p/Ac9o
Фотографија: AP Graphics/DW

Препораката на Германија,Велика Британија и Франција спорот со иранската атомска програма да го изведат пред Советот,ќе го загрози светскиот мир,предупреди Ахмадинеџад на прес конференција во Техеран.

Иран не се плаши од санкции,потенцираа ирански политичари деновиве.Иранскиот претседател го отфрли главното обвинување,дека Иран ја проиграл целата доверба:

-Ни велите дека треба да стекнеме доверба.Јас ви велам:двеипол години иранската влада вистински се трудеше да ја стекне.Но,денес сме на точка кога не ние,туку овие неколку европски земји треба да ја зарабоатта довербата.

Иран во вторникот ги скрши пломбите на неговите атомски постројки во Натанс и планира и натаму истражувања и збогатување ураниум.Какви,Ахмадинеџад не кажа.

Меѓународната агенција за атомска енергија поаѓа од тоа дека вусшност ќе се врши збогатување на ураниум.

Ние имаме неопходни средства за бранење на нашите права,изјави уште иранскиот претседател,алудирајќи на огромните резерви со нафта и гас како можно оружје против западот и додавајќи: На оние кои денес не грдат,ние им требаме десетпати повеќе отколку тие нам.