1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран ја повикува ЕУ на повторни преговори

22 октомври 2006

Во спорот околу иранската атомска програма продолжуваат натегањата,Техеран сака разговори,но без предуслови

https://p.dw.com/p/Ac2G
Фотографија: Montage AP/DW

Вето силите и Германија се подготвени,ако Иран покаже добра волја и докази,да се откажат од подготовкста на санкциите преку Советот за безбедност на ОН,изјави француската министерка за одбрана Мишел Алио Мари.А рускиот министер за надворешни работи Срегеј Лавров дури и стриктно се искажа против санкции во врска со иранската атомска програма.Таа во моментов не претставува никаква закана за мирот и стабилноста,изјави Лавров вчера за иранската новинска агенција КУНА.Од овие причини техеранското раководство ја потврди својата позиција и повторно ја повика ЕУ на преговори но без никакви предуслови.

Иран упати апел до ЕУ

Пет дена откако министрите за надворешни работи на ЕУ одлучија спорот со иранската атомска програма да му го префрлат повторно на Советот за безбедност на ОН,исламската република ги повика Европејците на нови преговори.Повикот стигна од министерот за надорешни работи Мотаки,кој вчера во Техеран апелираше до ЕУ,тука мислеше на Германија,Велика Британија и Франција,да ја зачуваат својата независност и да се одлучат на разговори наместо на обраќање до Советот за безбедност,а со тоа и на санкции.

Шефот на иранската дипломатија ги повика Европејците да не посегнуваат по мерки кои веќе се покажале како неуспешни.Се мисли на Резолуцијата 1696 од ОН,чиј ултиматум истече на крајот на август,без притоа воопшто да бидат применети санкциите со кои ОН му се закануваа на Иран.

Разговори,но без претходни отстапки

Но, исламската република сеуште не е подготвена на она,кое од неа го бараше ЕУ,а и Резолуцијата 1696 од ОН,барем привремено да прекине со нејзината атомска програма и збогатувањето ураниум.Зашто,како што потенцираше Мотаки,тоа е нејзина легитимна работа,која е во согласност со Договорот за неширење атомско оружје.

Ако западот ја оствари заканата од вторникот за започнување постапка за воведување санкции против Иран,тогаш Техеран ќе ја промени својата позиција,најави иранскиот министер за надворешни работи.Што ќе значи тоа,Мотаки не сакаше да каже.Но,во секој случај избра поблага формулација отколку иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во петокот.Тој го изнесе својот став дека Советот за безбедност на ОН го смета веќе за нелегитимен,зашто е доминиран од САД и од Велика Британија.

Од крајот на август преговорите околу иранскиот атомски спор меѓу вето силите и Германија од една страна и Техеран од друга тапкаат в место.Двете страни притоа меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за застојот.Додека западот чека на иницијатива од Иран,конкретно,барем на привремено прекинување на атомската програма,а пред се САД јасно притискаат на нови санкции против Техеран, исламската република се затвора во молк и опстојува на барањето за натамошни преговори без предуслови.