1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачанец го извршил атентатот во Шведска

13 декември 2010

Веќе со недели безбедносните власти предупредуваат од терористички напади во предбожикна Европа. Меѓутоа се’ уште е прашање дали најновиот напад во Стокхолм во саботата вечер е дело на меѓународна терористичка мрежа.

https://p.dw.com/p/QWjO
Шведската полиција на местото на атентатот во СтокхолмФотографија: picture-alliance/dpa

Во врска со самоубиствениот напад во Шведска, британската полиција во текот на ноќта изврши претрес во една куќа северно од Лондон. Скотланд јард соопшти дека рацијата била изведена во областа Бедфордшир, но притоа немало апсења ниту пак биле запленети опасни материјали.

Пертходно британските медиуми јавија дека атентаторот од Стокхолм е Ирачанец со шведски пасош кој живеел во местото Лутон во Англија и студирал на универзитетот во Бедфордшир.

Во самоубиствениот напад во центарот на Шведска за среќа беа повредени само двајца минувачи.

Шведските медиуми јавуваат дека 28 или 29 годишниот атентатор живеел во стан во местото Транес во централна Шведска.

Explosion einer Autobombe in Stockholm Schweden
Фотографија: picture-alliance/dpa

Отворени прашања

Полицијата во моментов смета дека станува збор за напад на поединец, а не на организирана група, но ја оставаат отворена можноста за промена на ваквото гледиште. Шефот на полицијата Андерс Торнберг порача дека што е можно побргу треба да се најдат одговори на многу прашања, како на пример дали напаѓачот имал соочесници, кои биле мотивите за нападот итн:

„Вакво нешто кај нас досега се нема случено. Ова е разбивање на трендот. Работиме напорно за да го разјасниме случајот. Ако е тоа терористички напад, тогаш тоа е по прв пат во Шведска.“

По најновите предупредувања од терористички напади, овој веројатно прв исламистички напад во Шведска предизвика загриженост ширум Европа. Западните тајни служби со недели наназад тврдеа дека до Божик постои закана од терористички напади во Европа.

Автор: СН/ГЧ/дв/дпа

Редактор: Горан Чутаноски