1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Ирма остави пустош

ЕМФ /агенции
12 септември 2017

Ветрот и дождот попуштаат, водата во поплавените региони полека се повлекува. Но, на Флорида дури сега се гледа вистинскиот размер на катастрофата што ја предизвика ураганот Ирма.

https://p.dw.com/p/2jmxk
Florida Hurricane Irma  Vilano Beach Haus
Фотографија: Reuters/ St Johns County Fire Rescue

На Флорида почнаа работите на расчистување по походот на ураганот Ирма. Обемот на штетите станува сѐ повидлив. Ирма во текот на ноќта почна да се движи кон северозапад, кон сојузните држави Алабама и Тенеси. Според проценките, во регионот погоден од кататсрофата досега животите ги загубиле 45 луѓе.

Невремето во многу делови на Флорида ги откорна покривите на куќите и предизвика прекини на електричната и телефонската мрежа. Без струја се милиони домаќинства, според некои податоци дури половината од домаќинствата на Флорида. Од Центарот за урагани во Мајами се јавува дека поплавите во кризните подрачја полека попуштаат, сепак опасност од поплави и натаму има. Властите ветуваат дека ќе воспостават снабдување со струја и вода за пиење најбрзо што е можно. Меѓутоа, се додава дека во некои делови тоа може да потрае со недели.

September 11 2017 Florida Brevard County Sundance Marine in Palm Hurrikan Irma
Фотографија: Imago/ZUMA Press/R. Huber

Ирма вчеравечер загуби повторно на сила, меѓутоа сепак донесе силен дожд, ветер и поплави во Јужна Каролина и Џорџија. Ураганот на копно стигна во средата, а прво беше зафатен малиот карипски остров Барбуда. Ова е еден од најсилните урагани регистрирани воопшто во регионот. Некои делови на Карибите се толку оштетени што важат како подрачја во кои е невозможно да се живее.

USA Georgia Hurrikan Irma
Фотографија: Reuters/T. Chappell

На Карипските острови невремето остави 34 жртви, меѓу нив 10 жртви на Куба. Според телевизијата Ен-Би-Си во САД загинале најмалку 10 лица - 6 на Флорида, 3 во Џорџија и една жртва има во Јужна Каролина.