1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исклучени двајца членови на ИОК

11 август 2004

Само неколку денови пред почетокот на олимписките игри во грчкиот главен град и кратко по суспендирањето на Бугаринот Иван Славков Меѓународниот олимписки комитет презема мерки и против други членови на гремиумот.

https://p.dw.com/p/Aeme
Жак Рог - претседател на ИОК
Жак Рог - претседател на ИОКФотографија: AP

Од меѓународниот олимписки комитет исклучени се еден Индонезиец и еден Сомалиец. Членот на ИОК од Индонезија Мохамад Боб Хасан во неговата земја беше осуден на шест години затвор поради корупција, една година подоцна беше суспендиран од ИОК. За негово исклучување имаше 101 глас во генералното собрание на ИОК а тоа е повеќе од потребното дво – третинско мнозинство од 69 гласа. Заменик претсеталот на ИОК Томас Бах истакна

“Ова е јасен сигнал како што за жал и порно моравме да праќаме сигнали, при исклучувањето на други членови поради скандалот во Солт Лејк Сити. Се покажува дека овој ИОК нема да се двоуми да преземе по строги мерки, доколку постојат докази.”

Фара Адо пак беше претстедател на Националниот олимписки комитет во Сомалија, како претседател на националниот сојуз најверојатно проневерил пари.

Во моментов ИОК брои 123 членови, од кои двајца се суспендирани: Ун Јонг Ким од Јужна Кореја и Иван Славков од Бугарија поради сомнеавање за примање мито.

Ова покажува дека пред почетокот на олимписката сезона во Атина се следи повикот на претсетдалот Жак Рог, да се чуваат вредностите на олимпиското движење како најголемо благо.