1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламистите од Мали побараа преговори

АМ/афп26 јануари 2013

Исламистичката група од Мали, блиска до Ал Каеда, информираше денеска дека е подготвена да преговара за ослободување на француски заложник, откако офанзивата против исламистите напредува во последниве денови.

https://p.dw.com/p/17RvR
Фотографија: Reuters

„МУЈАО е подготвено да преговара за ослободување на Жилберто“, информираше портпаролот на ова движење, кое во месец ноември го киднапираше францускиот државјанин Жилберто Родригез Леал.

Изјавата дојде откако француските и малиските трупи притискаат кон север во клучните места контролирани од исламистите. Денеска министрите за одбрана од африканските земји се собраа во Брегот на Слоновата Коска за да ги разгледаат плановите за испраќање на регионални сили за интервенција. Итниот состанок во Абиџан има за цел да ги испрати колку што е можно побрзо на терен во Мали војниците од африканските земји.

Иако веќе беше ветено испраќање на 4.500 војници за да помогнат во справувањето со исламистите, кои го окупираа северот, сепак до тоа не дојде, бидејќи заминувањето на трупите беше одложено поради финансиски и логистички проблеми.

И покрај тоа, француските и малиските сили напредуваат на терен. Тие вчера го освоија градот Хомбори, уште еден од градовите на северот кои беа под контрола на исламистите. Вчера освоениот град претставува еден од трите најголеми градови на северот кои беа запоседнати од исламистите блиски од Ал Каеда.