1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Испитување за птичји грип на кокошка од Могила

Горан Петрески19 октомври 2005

Сомнителен примерок на кокошка испратен на испитување во Лондон.

https://p.dw.com/p/AcBu
Кокошки
КокошкиФотографија: AP

Битолското село Могила, во близина на границата со Грција, ќе биде ставено под картантин поради сомневање дека една кокошка од таму пцовисала од птичји грип. Ветеринарните служби сомнителниот примерок го испратија на натамошно испитување во Лондон, а здравствените власти и натаму ги смируваат граѓаните дека опасност од птичји грип во Македонија засега нема.