1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Испукани палестински ракети во правец на Израел

11 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AqOC

По повеќедневно примирје милитантни Палестинци во појасот на Газа повторно испукаа ракети во правец на Израел. Портпарол на израелската армија соопшти дека се паднати неколку ракети во околината на граничниот град Сдерот. Според израелското радио одговорноста за нападот ја презема радикалната организација Исламски Џихад. Во последните борби меѓу ривализираните палестински групи Хамас и Фатах убиени се најмалку четири лица. Во меѓувреме двете страни се спогодија на ново примирје. Претходните апели за положување на оружјето беа краткорочни.