1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истамбул се уште е хаотичен

21 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AcSD
Истамбул се уште е хаотичен. Граѓаните таму веќе се уплашени дека градот никогаш нема да се врати во нормала. Многу улици и денеска се целосно затворени. Полицијата е речиси насекаде, а нивното присуство особено е зголемено крај големите хотели и странски претставништва. Американските, британските и германските училишта во градот утринава ги вратија учениците дома - десет дена одмор. Затворени се и вратите на истамбулската берза, европската фудбалска асоцијација УЕФА ги одложи претстојните натпревари кои беа закажани во овој град, а повеќето западни земји ги намалија активностите во конзулатите особено во делот за издавање визи. Турскиот премиер Ердоган им порача на граѓаните дека "продолжување со нормален живот" е најдобар одговор за оние кои стојат зад нападите. А турската полиција веќе уапси седум лица за кои се сомнева дека се вмешани во инцидентот.