1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истанбул доживува бум

Гунар Кене/ Симе Недевски18 јули 2012

Додека Европа тоне во долгови и криза, Турција доживува постојан стопански раст. Поради поволната географска положба, интересна е за земјите од запад и од исток. Тоа е особено видливо во метрополата на Босфорот.

https://p.dw.com/p/15H1g
Фотографија: DW/Cizmecioglu

Саудискиот инвеститор Јусуф Катиполу со своите турски партнери во едно истанбулско предградие ќе започне со градење на првите од планираните 10.000 станови.

Становите се модерни и ќе и’ се продаваат на новосоздадената и амбициозна средна турска класа. Еднособните станови ќе се продават по цена од 30.000 евра, а 300.000 евра чини стан од 200 квадрати.

Стопански бум

Goldenes Horn in Istanbul
Фотографија: Fotolia/Jan Schuler

„Во целиот свет, посебно во Европа и во Америка, пазарот за недвижности е во криза. Но, стопанството во Турција е доволно отпорно. Поради тоа гледаме добра можност за заработка со продавањето на становите“.

Истанбул е во градежна треска. Речиси секој месец се отвораат нови трговски центри, облакодерите во градот на Босфорот се се’ повисоки и повисоки. Цените на недвижностите во центарот ги достигнаа оние во центарот на Лондон.

Истанбул е центар на турското стопанско чудо. Последните 10 години брутодомашниот производ тројно се зголеми. Стапката на стопанскиот раст минатата година беше повисока од 8 проценти. Државниот долг изнесува само 35 проценти од вкупниот стопански производ, половина помалку отколку во Германија.

Странските инвеститори се’ уште не го гледаат крајот на овој стопански бум. Тие очекуваат Турција да се развие во стопански мотор на целиот Блиски и Среден исток.

Успешна политика на Ердоган

Stau, Verkehrsknotenpunkt in Istanbul
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Турција има многу да понуди, посебно поради стабилните политички и стопански можности во последите 10 години. Турција би можела да стане центар на целиот регион, на пример во производството на храна, во стопанските истражувања, во автомобилската индустрија и да не го заборавиме туризмот. Во тие области Турција има потенцијал да стане регионална сила.

Европа е најголемиот турски трговски партнер. Сепак размената на стаоки со државите од Блискиот исток трикратно се зголемила во последните 10 години. Турските фирми се шират кон исток, а арапските инвеститори се почесто вложуваат пари во Турција. Саудиецот Јусуф Катипоглу е задоволен од работата на конзервативно-религиозната влада во Анкара.

„И’ се воодушевуваме и ја поддржуваме политиката на турскиот премиер Ердоган. Тој ги создаде законските претпоставки странците да можат да дојдат овде и да инвестираат“.

Првите станови се веќе продадени. Саудискиот инвеститор смета дека ќе оствари профит од најмалку 10 проценти.