1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истече уште еден ултиматум на Талибанците

27 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BMj4

Во заложничката драма со 22-та Јужнокорејци во Авганистан истече уште еден ултиматум кој го поставија Талибанците . Грабнувачите имено побарааа од владата во Кабуул до денеска напладне да ги ослободи нивните соборци од авганистанските затвори. Талибанските борци се заканија дека доколку тоа не се случи ќе ги убијат сите заложници. Во средата имено Талибанците веќе убија еден јужнокорејски заложник.