1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска шанса за мирот на Блискиот исток

17 декември 2007

Денеска во Париз започна меѓународната донаторска конференција за палестинските територии. Целта е со финансиска поддршка да се помогнат плановите на палестинските власти за создавање сопствена држава.

https://p.dw.com/p/Cclu
Саркози и Абас пред почетокот на конференцијатаФотографија: AP

Целта на конференцијата е јасна: мачно обновениот блискоисточен мировен процес економски да се поддржи. Меѓутоа, и страните во конфликтот треба да покажат готовност за соработка. Францускиот претседател Николас Саркози како домаќин, конференцијата ја отвори со следниов апел:

„Искористете ја единствената шанса за мир што ви се нуди во моментов. Не пропуштајте ја оваа историска шанса. Дојде времето за мир. Тоа е она што го бараат вашите народи. Подарете им го на израелскиот и палестинскиот народ најубавиот подарок – мирот„.

Меѓународната заедница е расположена конкретно да му помогне на палестинскиот народ. Колку е лоша состојбата јасно укажа палестинскиот претседател Махмуд Абас во неговиот говор. Тој побара економска поддршка за да се спречи катастрофа во палестинските подрачја. За плановите за реформи, палестинскоот раководство во наедните три години има потреба од 5 до 6 милијарди долари – сума што се очекува од донаторската конференција. Учествуваат околу 90 делегации, меѓу нив и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс, германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтѕер Штајнмајер и израелската министерка Ципи Ливни. Абас јасно изјави дека станува збор за повеќе пари. Тој го повика Израел да ја запре изградбата на населби на западниот брег:

„Ве повикувам сите да вложите напори да ја се избегне неуспех на оваа историска шанса. Патот на слободата е пат за иднината, а не окупација, неправда и екстремизам. 2008 година мора вистински да биде година на мирот. За остварувањето на таа цел мора да се ангажира и светот„, изјави Абас.

За да се остварат плановите на палестинската влада, мораат да се остварат и други претпоставки. Економскиот развој веќе не смее да се спречува со огради. Без нормален тек на сообраќајот на луѓе, стоки и капитал не е можен развој. На крајот е долгорочната цел што францускиот претседател Саркози вака ја формулира:

„Независна, демократска палестинска држава, во која ќе се најдат сите Палестинци, каде и да живеат. Мирољубива држава што ќе биде сигурен партнер за соседите, пред се за Израел„.