1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски рецидиви ги оптоваруваат односите меѓу државите на југоисточна Европа

4 август 2005

Австрија ќе претседателствува со ЕУ во првата половина на 2006-та година. Средбата во Салцбург, каде канцеларот Волфганг Шисел во изминатите два дена им беше домаќин на шефовите на владите на неколку земји од југоисточна Европа, секако не треба да се набљудува одвоено од тој факт. Европските перспективи на земјите јужно од Австрија, една од темите во Салцбург, би можеле да претставуваат и едно од тежиштата на

https://p.dw.com/p/AcDY
Австрискиот канцелар Волфганг Шисел: Европа да не го заборави Балканот - тој е нејзин дел
Австрискиот канцелар Волфганг Шисел: Европа да не го заборави Балканот - тој е нејзин делФотографија: AP

австриското претседателствување со ЕУ.

Средбата на маргините на Салцбуршкиот фестивал беше веќе четврта на премиерите од југоисточна Европа. Таа, како што оцени домаќинот, австрискиот канцелар Шисел, помина во подобра атмосфера од претходните, иако ги отслика и актуелните конфликти во регионот. Шисел, наредниот претседавач со Советот на ЕУ, смета дека не треба да се кочи процесот на проширување на Унијата. „Конкретната намера ни е едноставно да ја зголемиме видливоста. Зашто, многу региони на светот полагаат право ЕУ да им обрне внимание и постои опасност на Балканот да му се посветува се’ помалку внимание. Тоа го сметам за опасно, зашто тој едноставно е пред нашата врата, тој е Европа“.

Австрија поддржува скорешен почеток на преговори со Хрватска за прием во ЕУ. Романија и Бугарија најдоцна во 2008-ма година ќе дојдат во Унијата. Во меѓувреме и Македонија побара членство. Државната заедница Србија и Црна Гора веќе по два месеца сака да преговара со Брисел за договор за асоцирање.

Порано непријателски спротивставените балкански држави последните години се зближија, меѓу другото и затоа што тоа е еден од условите за приближување кон ЕУ. Но, во Салцбург стана јасно дека односите меѓу поединечните земји не се безусловно хармонични. Белград е во спор со Скопје поради апсењето на егзархот на СПЦ во Македонија. Српскиот премиер Воислав Коштуница немаше „влакна на јазикот“: „Длабоко сум разочаран. Тоа би можело да им нанесе сериозни штети на нашите односи, што е излишно, бидејќи односите беа навистина добри. Единствено решение е да се ослободи владиката Јован од затвор – што побргу, дотолку подобро“. На заедничката прес-конференција по средбата, македонскиот премиер Владо Бучковски го отфрли српското барање: „Можностите на македонската влада овде се ограничени, но ние се обидуваме и во иднина да негуваме пријателски односи со Србија“. Бучковски рече дека станува збор за проблем во односите меѓу Македонската и Српската православна црква. Српската не сака да ја признае автономијата на македонските православни браќа по вера, а Јован е в затвор зашто во Македонија врши богослужба според ритуалите на Српската црква.

Такви проблеми, меѓутоа, не би смееле да бидат пречка за приближување на балканските држави кон ЕУ, смета координаторот на пактот за стабилност Ерхард Бусек: „Има ненормално многу остатоци од историјата. Тоа важи и за спорот меѓу Србија и Македонија, кој е црковен спор во кој црквите понекогаш применуваат политика, следејќи ги сопствените интереси. Другите се историски остатоци кои бараат време“.

Во југоисточна Европа би можеле да се надоврзат нови потешкотии. Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Салцбург јасно стави на знаење дека неговата влада опстојува врз планот за независност. Наредната пролет Црногорците би требало да се изјаснат на референдум дали сакаат да останат во државната заедница со Србија. Бусек смета дека и покрај тоа, Србија и Црна Гора мора да бидат приближени кон ЕУ. „Од двете можности - независност, или заедничка држава способна да дејствува,одбрана беше трета. Обете знаат дека тоа така не функционира и едноставно мораат да дојдат до резултати. Но, не мораат Европејците се’ да решаваат, што очигледно не се решава отпосле“.

Ова не важи за Косово. Спорот околу идниот статус на покраината – независност или натамошна припадност кон Србија и Црна Гора, крие во себе енормен конфликтен потенцијал и тоа за целиот регион.