1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историјата и политиката не се праведни

18 јули 2009

Шведската јавност и политичарите во земјата-претседавач со Унијата се расположени за проширување, тврди во разговорот за „Дојче веле“, амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Ларс Фреден.

https://p.dw.com/p/Is2f
Шведска е актуелен претседавач со ЕУ

Дали Македонија до крајот на годината ќе направи чекор напред во интеграциите, добивајќи датум за почеток на преговорите, не зависи од Шведска. За тоа одлучува комисијата врз основа на она што ќе го постигне Македонија, вели шведскиот дипломат.

“Прашањето е Македонија да биде подготвена за започнување на преговорите. Мислиме дека до 14 октомври ќе има еден прилично мал извештај, во кој се опфатени сите аспекти од животот во Македонија. Не е опфатена само владата. На пример, законите или состојбата на медиумите. Очекуваме да има една страница само за медиумите. На крајот ќе се вели: „Затоа сметаме дека Македонија е подготвена да започне со преговорите." Или, пак, би можело да стои: „Затоа сметаме дека Македонија се‘ уште не е подготвена". Тоа го пишуваше минатата година. Се надевам нема да се повтори“, вели шведскиот амбасадор Фреден.

Skopje Zentrum
Македонија треба да ги заврши „домашните задачи“Фотографија: DW

Оценката не треба да има врска со спорот со името

Фреден е категоричен дека оценката во есенскиот извештај треба да биде заснована на објективни фактори, односно да нема врска со спорот за името. Тоа е посебно прашање, вели амбасадорот на земјата претседавач со Унијата.


“Спорот за името е чуден, но знам колку можат да бидат силни чувствата кога станува збор за прашањето за идентитетот, јазикот и секако границите. Факт е дека Грција е членка

на ЕУ, а вие не сте. Светот не е праведен. Историјата не е праведна, а уште помалку праведна е политиката”, вели

шведскиот амбасадор во Македонија, прашан дали условот да се реши спорот со името за да се напредува во интеграциите не значи остсуство на принципи во одлуките на Европската Унија.

Амбасадорот Фреден вели дека проширувањето е еден од приоритетите на шведското претседавање со Унијата. Очекува од Македонија да ја заврши домашната задача за да биде подготвена за преговори. Не се сомнева дека Македонија е европска земја, но му пречи сообраќајниот хаос и големите количества смет. Тажно е што прекрасна земја како Македонија е толку валкана, вели амбасадорот на Шведска.


Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска