1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрагата за обидите за напад во Велика Британија доби меѓународни размери

3 јули 2007

Истрагата за обидите за атентати доби меѓународни димензии. Австралиската полиција уапси осомничено лице, Индијец по потекло.Британската полиција пак ја потврди веста дека лицето уапсено во Австралија е осмиот осмничен.

https://p.dw.com/p/BBA5
Лондон по обидите за нападиФотографија: AP

Лицето уапсено во Австралија не потекнува од таму, но работел во земјата како лекар, соопшти австралискиот јавен обвинител Филип Рудок. 27 годишникот при апсењето имал намера да ја напушти земјата. Не поседувал повратен билет. Австралиската полиција исто така сослуша уште едно лице странски лекар, но кај него не била утврдена поврзаност со обидите за напади.

Großbritannien London Terror Autobombe entdeckt Innenministerin Jacqui Smith
Џеки Смит, министерка за внатрешни работи на Велика БитанијаФотографија: AP

Министерката за внатрешни работи на Велика Британија Џеки Смит во меѓувреме соопшти дека истрагата се води на 19 места низ земјата, и терор алармот нема да биде укинат додека не се разреши случајот.

Полиција вчера го продолжи и притворот до сабота за две осомничени лица. Претходно истото го стори уште за три уапсени лица. Според британскиот закон за антитероризам дозволено е осомничени лица да се држат во притвор до 28 дена без обвинување. Британската полиција претходно уапси вкупно седум осомничени лица меѓу нив очигледно и двајца лекари со потекло од Блиски исток.

Таткото на еден од осомничените шокиран

Таткото на лекарот Мохамед ал Аша, за кого се смета дека најверојатно бил организатор е шокиран „Се разбира дека тоа е вест која за секој татко би била шок. Истовремено не верувам дека мојот син Мохамед би направил такво нешто, од едноставна причина бидејќи тој е амбициозен човек кој коцентрирано и се посветува на својата цел” вели Џамил ал Аша.

Потенцирајќи дека неговиот син немал никакви проблеми во Велика Британија Ал Аша уште вели „Прво ќе му се обратам на Господ, потоа на кралот, па на министерот за надворешни работи, за да воспостави контакт со јорданските граѓани во Велика Британија. Се разбира дека ќе ги следам вестите и развојот на настаните.”

Оставен багаж на аеродромот Лондон Стенстет синоќа повторно предизвика вонземиреност. Полицијата привремено затвори делови од аеродромот, го проверуваше багажот но не најде ништо сомнително, лицето кое се вратило по багажот е уапсено.

Американскиот претседател Џорџ Буш му честиташе на британскиот премиер Гордон Браун за ракцијата на обидите за нападите, истовремено Буш понудил секаква неопходна помош за Валика Британија.