1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија бара пари и војници од ЕУ

15 февруари 2011

Италија бара финансиска помош од ЕУ поради кризата со туниските бегалци. Во формално писмо, Италија од ЕК бара 100 милиони евра за да може да излезе на крај со вонредната состојба.

https://p.dw.com/p/10HEm
Италија не може сама да се справи со бранот бегалциФотографија: AP

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, според соопштение на владата во Рим, вчеравечер водел телефонски разговор со претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој и објаснил дека станува збор за вонредна ситуација која ја погаѓа целата Европска унија и затоа мора да бидат преземени соодветни мерки. Ван Ромпој се согласил со тоа и ветил дека за проблемот ќе се разговара најбрзо што е можно, на самит на ЕУ.

Во потрага по подобар живот

Од средината на јануари, на италијанскиот остров Лампедуза пристигнале околу 5300 туниски бегалци. Сите бараат работа и подобар живот:

„Велат дека кај вас има работа - во Франција, Германија, Италија, дека нема толку многу невработени како кај нас“, вели еден од бегалците на Лампедуза.

Dossierbild Italien Lampedusa Flüchtlinge Nordafrika Boot Bild 1
Фотографија: picture alliance/dpa

Околу половината од бегалците се префрлени во други прифатни кампови во внатрешноста на Италија. Бранот бегалци, во меѓувреме е практично запрен, веројатно како последица на посилните контроли на брегот на Тунис. Преодната влада во Тунис, од вчера почна со блокада на крајбрежјето.

Да не се протеруваат бегалците

Советот на Европа апелираше до Италија да не ги протерува туниските бегалци. Претседателот на Парламентарното собрание на СЕ, Мевлут Чавушоглу изјави дека не смее да има масовни протерувања. Бегалците мора да ја добијат неопходната помош и заштита, изјави Чавушоглу во Стразбур. Германската канцеларка Ангела Меркел смета:

„...дека не можат сите луѓе од Тунис да дојдат во Европа. Мораме да разговараме околу тоа како да ја зајакнеме правната држава во Тунис и дали Европа притоа може да помогне. Наша цел е проблемот да се решава во земјите од каде доаѓаат бегалците. На луѓето таму треба да им се пружи перспектива.“

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа/афп/дв

Редактор: Жана Ацеска