Ишингер, потребен е позитивен сигнал за Србија
11 октомври 2007Реклама
Претставникот на ЕУ во преговорите за Косово, Волфганг Ишингер смета дека Брисел треба да и’ испрати позитивен сигнал на Србија во врска со нејзиниот процес на евроинтеграција. Рускиот претставник Александар Боцан Харченко во меѓувреме ги демантираше информациите дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат на почетокот на декември, како и најавите за организирање меѓународна конференција за Косово слична на онаа од Дејтон. Харченко нагласува дека Русија не го омекнала својот став и додаде дека преговорите за идниот статус на Косово треба да траат се’ додека не се постигне компромис.