1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ишингер: шанса за решение има само треба да се искористи

11 август 2007

Меѓународната посредничка тројка за Косово е веќе во Приштина. На агендата на дипломатите од ЕУ, САД и Русија им се средби со косовските власти, КФОР и УНМИК.

https://p.dw.com/p/BTEi
ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

Волфганг Ишингер, Френк Визнер и Александар Боцан Харченко вчера имаа средби со српското раководство. ЕУ претставникот Ишингер за целта на мисијата:

„Им рековме јасно и на српската страна, а тоа ќе го стоирме и денеска во Приштина дека успехот на оваа мисија, и дали ќе дојде до него, ќе биде успех и на Србија и на косовските Албанци. Неуспехот ќе биде исто така на двете страни“.

Тројката, според Ишингер е таму да им помогне на страните да дојдат до договор. Нагласува дека во тој процес секако не може да им се исполнат желбите на двете страни. За сега нема промена во позициите. Косовските Албанци се за независност, Србија е против. Косовскиот премиер Агим Чеку кој денеска ќе разговара со Тројката зборува за непотребно губење време со новиот рок до 10 декември.

„Ние ги исполнивме нашите обврски. Веднаш по овие 120 дена ќе барам одлука за независност на нашата земја“.

Сепак, Ишингер е уверен дека постои шанса за пронаоѓање заедничко решение.

„Шанса има. Сега ќе видиме дали двете страни ќе ја искористат“.