1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Интерпол ќе го истражува нападот во Бургас

ЕМФ/дв/миа20 јули 2012

Меѓународната полициска организација Интерпол одлучи да испрати во Бугарија своја екипа која ќе помогне во истрагата за нападот во Бургас.

https://p.dw.com/p/15bkr
Фотографија: AP

Интерпол соопшти дека испраќањето екипа е по барање на земја-членка на организацијата во случај на кризна ситуација.

Генералниот секретар на Интерпол Роналд К. Ноубол во врска со информациите дека наводниот самоубиец носел фалсификувани документи, вчера изјави дека „од суштинско значење е да се увиди дали некој од овие документи фигурираат во базата на податоци „Изгубени или украдени патни документи“ на Интерпол.

Bulgarien Flughafen Burgas Explosion Israelischer Reisebus
Во нападот загинаа седум луѓеФотографија: Reuters

Според бугарските власти напаѓачот-самоубиец патувал со фалсификувана возачка дозвола, издадена во американската држава Мичиген.

Инаку, во меѓувреме, телата на петтемина Израелци кои беа убиени во самоубиствениот напад во Бугарија се пренесени во Тел Авив. Во нападот што се случи пред два дена на аердоромот во Бургас беа убиени седум луѓе, а повредени се повеќе од 30. Покрај израелските туристи загинаа и возачот и атентаторот.