1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И натаму соништа за победа

21 декември 2006

Коментар на Карстен Шмистер

https://p.dw.com/p/Adug
На Буш му требаат уште војници и пари за да „победи„
На Буш му требаат уште војници и пари за да „победи„Фотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш има проблем: и покрај ангажманот на огромни ресурси, изостануваат успесите во борбата против тероризмот. Сега тој планира пресврт. Тој има намера да ги засили американскиот воени сили. Погрешен чекор, смета Карстен Шмистер во наредниот коментар:

„Ниту ќе ја добиеме, ниту ќе ја загубиме војната против тероризмот„. Ова е досега најнезадоволителната оценка на ситуацијата во Ирак. Шефот на генералштабот Питер Пејс ја изговори оваа реченица која во меѓувреме на лекомислен начин ја цитираше и Буш во неговото интервју за „Вашингтон пост„. На ваков начин тој многу се оддалечи од досегашната победничка реторика, кон која со натегање се врати ден потоа. Тој го призна назадувањето во Ирак, меѓутоа повторно ја нагласи намерата за успешен крај во Ирак.

Кој веруваше дека Буш конечно се приближи до вистината, повторно згреши. Најголемата божикна желба на претседателот, гласното размислување за уште повеќе војници за армијата, покажува во која насока сака да оди. Значи, не во насоката што ја препорача комисијата за Ирак под водство на бившиот министер за надворешни работи Џемс Бејкер. Имено, новата анти-терористичка стратегија, според Бејкер, треба да ја следи формулата „Помалку армија – повеќе дипломатија„.

Се насетува спротивното. Среднорочно, повеќе војници за армијата, а кусорочно, неколку десетици илјади во Ирак кои како пожарникари би го гаселе пожарот на анти-американскиот отпор. Кон тоа и планот што стана познат уште пред неговата прес - конференција, во Персискиот залив да се испрати уште еден носач на авиони, како предупредуавње на адреса на Иран кој, според убедувањето на Белата куќа со сите сили го поддржува отпорот во Ирак.

Сето ова веќе не наликува на повеќе дипломатија, туку на уште повеќе војници, односно, како што самиот Буш вели, на долга војна на идеологии. На уште повеќе мртви цивили и војници пред се во Ирак, но и во Авганистан и којзнае каде уште не во иднина. Во Сирија? Во Иран? Повеќе војници не значи по секоја цена и пресврт во војната против тероризмот, но сигурно значи многу повеќе пари за армијата. Милијарда евра годишно само за десетина илјади војници. Во игра сега влегуваат демократите, кои според сегашната состојба на работите, од јануари ќе го имаат зборот во конгресот кој треба да ги одобри парите за воените планови на Буш. Веќе сега се покажува дека дури кусорочното засилување на единиците во Ирак доаѓа предвид само ако непсоредно потоа уследи целосно повлекување на американските војници. Барем такви се надежите. Дека демократите ќе ја искористат својата моќ да ја потврдат својата одговорност и да ја затворат славината пари за плановите на претседателот. Повеќе дипломатија, отколку нова стратегија тогаш би била двојно поатрактивна. Чини многу помалку, а ветува поголем успех.

Карстен Шмистер