1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И покрај скандалот, Фолксваген продава наголемо

К. Јабург / ЕМФ28 јули 2016

Се чини дека купувачите не му ги земаа за зло триковите на Фолксваген со дизелот и издувните гасови. Бизнисот и натаму е добар, особено во Кина. За справување со дизел-скандалот концернот има издвоено 16 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/1JXAd
Фотографија: picture-alliance/dpa/Foto: Friso Gentsch/Volkswagen

Криза? Каква криза? Фолксваген во јуни продал повеќе од 880.000 автомобили, или речиси 5 проценти повеќе отколку минатата година во истиот период. Сушата по избувнувањето на дизел-кризата се чини е завршена.

Ваквиот развој се должи пред сѐ на, за Фолксваген најважниот пазар, Кина. Повеќе од една третина од испорачаните возила завршиле во Кина, а обртот во јуни е зголемен за 7 проценти.

На тој начин концернот ги компензира загубите на послабите пазари, како САД. Таму во сила и натаму е забраната за продажба на дизел-возилата.

И покрај скандалот, Фолксваген продава наголемо

Сепак, товарот од скандалот со издувни гасови е и натаму тежок. Тоа фрла сенка врз билансот од првата половина од годинава. Фолксваген досега издвои речиси 16 милијарди евра за кризата и последиците до неа.

Дали тоа ќе биде и доволно е неизвесно. Меѓутоа, веројатно Фолксваген ќе мора да издвои уште пари.