1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Холандија испраќа „Патриот“ ракети во Турција

СН/АТ/ртр/дпа8 декември 2012

Модерните системи за противракетна одбрана треба да послужат како заштита во случај на сириски напади врз територијата на НАТО-сојузникот Турција.

https://p.dw.com/p/16ySN
Фотографија: dapd

По Германија, и Холандија да испрати два система со проектили за противвоздушна одбрана -„Патриот“ во Турција. Владата во Хаг донесе одлука да стави на располагање „Патриот“ системи и максимално 360 војници, соопшти холандскиот премиер Марк Руте. Со тоа противвоздушната одбрана на Турција би требала да биде зајакната, а населението и турската територија подобро заштитени. Покрај тоа стационирањето на системите со ракети земја-воздух треба да придонесе за деескалација на тензиите во регионот, порача холандскиот премиер. Холандија го прави ова на барање на НАТО. 

Во четвртокот и германската влада донсе одлука за испраќање на два система „Патриот“ во Турција заедно со 400 војници. Одлуката на владата треба да биде потврдена и од Бундестагот. Исто така и холандскиот парламент треба да даде зелено светло за одлуката на владата во Хаг. 

Raketen Abwehrsystem Patriot der Bundeswehr
Фотографија: dapd

Се очекува исходот на гласањето во двата парламенти да биде позитивен. Според одлуката на НАТО, „Патриот“ системи во Турција треба да испратат и САД.

Русија ја обвини Алијансата дека со стационирањето на системите за против-ракетна одбрана, западниот воен сојуз се движи во насока на вмешување во сирискиот конфликт.

Официјални претставници тврдат дека ракетите „Патриот“ ќе бидат така програмирани што нивната единствена задача ќе биде да ги пресретнуваат сириските ракети, кои би влегле во турскиот воздушен простор. Во секој случај, за ракетите да пристигнат до Турција ќе биде потребно уште најмалку еден месец, бидејќи поради нивната комплицирана техонологија тие мораат да патуваат по море.