1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кавга околу контролите на внатрешните граници во ЕУ

Бернд Ригерт
24 февруари 2021

Шест земји од ЕУ кои воведоа гранични контроли, претерале во борбата против мутираниот коронавирус, смета Европската комисија. Германија ја отфрла критиката, се бара воведување потврди за вакцинирање.

https://p.dw.com/p/3pmWh
Deutschland Grenze zu Tschechien Coronavirus Test Kontrolle
Фотографија: Oliver Killig/dpa/picture alliance

Германија ги продолжи стриктните ограничувања за оние кои влегуваат од Чешка, Словачка и австриски Тирол до 3 март. Одлуката е донесена на вчерашната седница (23.2). На границата кон Чешка во сила е целосна забрана за влез, постојат неколку исклучоци за возачи на камиони и системски релевантни лица кои возат од една во друга земја. Тиестални гранични контроли, за кои германската влада верува дека ќе го спречат ширењето на британскиот сој на коронавирус во Баварија и во Саксонија, наидоа на незадоволство во Европската комисија. Брисел во понеделникот упати жалби на адреса на Германија и пет други членки на ЕУ (Финска, Данска, Шведска, Унгарија и Белгија), критикувајќи ги граничните контроли и нарекувајќи ги несразмерни и дискриминирачки.Заштитата од ширење на мутирани варијанти на коронавирусот може да се постигне и со помалку драстични мерки, се наведува во писмото. Наведените држави на ЕУ сега имаат рок од десет дена да реагираат на обвинувањата на ЕК, потврди нејзин портпарол во Брисел.

Германија ги отфрла наводите на ЕК

На германската сојузна влада не ѝ требаше многу време за одговор. Државниот министер за прашања поврзани со ЕУ од Министерството за надворешни работи, Михаел Рот, реагираше со огорчување. „Ги отфрлам обвинувањата за непридржување кон законите на ЕУ“, изјави Рот во пресрет на видео конференцијата со неговите колеги. Европската комисија ги критикува Германија и другите пет земји за пречекорување на препораката кои тие сами ја усвоија во јануари.

„Се придржуваме на Шенгенските правила“, изјави државниот министер Рот. Според тие правила, пропишано е да нема постојани проверки на лица на внатрешните граници меѓу 26 земји-членки, но дека се можни привремени исклучоци, доколку се оправдани, ако се пријават во ЕК и ако доволно се образложат.

На адреса на ЕУ веднаш стигна критика од германската покраина Баварија. „Граничната контрола не е несразмерна, таа е неопходна“, беше соопштено од седиштето на баварската влада во Минхен. Седумдневната инциденција во некои делови на Чешка изнесува 1400 новозаразени на 100.000 жители, изјави Флоријан Херман, шеф на кабинетот на баварската влада во Минхен. Тој ризик треба да се сфати крајно сериозно. Тестирањето на возачите на камиони на границите, што го критикуваше ЕУ, според Херман е „неопходно, зашто мобилноста е проблем во услови на пандемија“.

Границата со Франција би требало да остена отворена

Истовремено, границата на Германија со Франција би требало да остане отворена, тврди германскиот државен министер Михаел Рот по разговорите со француски претставници околу опасностите кои со себе ги носи јужноафриканската мутација на коронавирусот која се појави во францускиот североисточен дел. „Германските покраини кои граничат со Франција изричито бараа да не се воведува гранична контрола, ставајќи до знаење дека не сакаат де факто затворање на границата“, рече Рот.

Тој нагласи дека ситуацијата со Франција се разликува од онаа меѓу Баварија и Чешка. „Се надеваме дека ќе успееме да го оправдаме значењето на француско-германскиот пограничен регион за цела Европа, зашто животот и работата во тој регион се толку тесно испреплетени како ретко во некоја друга погранична област во состав на ЕУ“, истакнува Рот.

Тој дополнува дека се во тек преговори со Франција за ускладување на мерките на обете страни на границата, зашто во Германија на пример продавниците се затворени, а во Франција се отворени. Во Франција постои полициски час од шест часот, а во Германија нема такви ограничувања на движењето. Меѓутоа, како крајно средство, премиерот на Саксонија, Тобијас Ханс не исклучува ни затворање на границите со Франција или со Луксембург. Во случај на „големи разлики“ во инциденцијата, таквата постапка би била неизбежна.

Приговори од Баварија

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн во повеќе наврати се изјасни против гранични контроли. Вирусот не може да се запре на граничните пунктови, нагласија во повеќе интервјуа Аселборн и европската комесарка за здравство, Стела Кириакидес. Од Баварија можеше да се чуе негодувањето на баварскиот премиер Маркус Зедер, кој при воведувањето гранични контроли на адреса на Брисел упати препорака ЕУ да се грижи за вакцините и да го остави да ја работи својата работа околу границите. 

Среде пандемија: Мадрид – магнет за туристи

Чешка и Словачка секоја за себе прогласија делови од својата територија за „опасни подрачја каде се шири мутиран короноварус“ и ги изолираа. Погодените баварски окрузи со висок број случаи не се изолирани од остатокот на Баварија.

Министрите за европски прашања од земјите членки на ЕУ во Брисел одржаа уште еден состанок за граничните контроли. На таа тема веројатно ќе разговараат и шефовите на држави или влади на ЕУ на видео-самитот в четврток (25.2). По искуствата од пролетта 2020 година со големите застои во сообраќајот и пореметени синџири на снабдување, во повеќе наврати бше ветено дека во Шенгенскиот простор веќе нема да има затворање граници. Меѓутоа, Белгија целосно ги затвори своите граници за „непотребни“ влезови и излези. Португалија ја затвори границата со Шпанија. Финска и Унгарија исто така се затворија во своите граници.

Потврда за вакцинација во ЕУ

Најдоцна в лето сѐ би требало да биде целосно поинаку. Земјите од ЕУ кои со масовен туризам заработуваат многу пари, како Шпанија, Португалија, Грција, Италија и Франција, сакаат да ја спасат туристичката сезона, ако е тоа воопшто можно. Грција и Кипар предничат и пуштаат туристи кои можат да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19. Во меѓувремесе достапни студии, посебно од Израел, држава-пионер во вакцинирање, кои покажуваат дека вакцинираните веќе не шират коронавирус.

„Тоа се прекрасни вести“, изјави германскиот државен министер Михаел Рот, затоа темата за „потврди за вакцинирање“ мора повторно да се стави на дневен ред. Не станува збор за привилегии за вакцинираните луѓе при патување или пристап кон политички, културни и спортски манифестации, туку за „нормално право на слобода“.

ЕУ ќе издава единствена „пропусница за оние кои се вакцинирани“, само е прашање кога. „Кога ќе вакцинираме значаен дел од нашата популација, ќе мора да решиме што значи статусот на вакцинирано лице за мобилноста во ЕУ. Во Брисел по тоа прашање апсолутно нема несогласност“, тврди Михаел Рот.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија