1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде се загубија насмевките?

Свето Тоевски27 јуни 2006

Граѓаните од тетовскиот крај се’ помалку им веруваат на политичарите и на нивните предизборни ветувања. Сепак надежта не ја загубиле - нивна најголема желба е економската криза во земјата да стане минато.

https://p.dw.com/p/AddK
Тетово
ТетовоФотографија: AP

Дали Македонија има само 388 илјади невработени лица или повеќе од 500 илјади? Дали сите социјално – загрозени семејства добиваат помош од државата или не? Дали тие средства се доволни за живот? Ова се прашања на кои се помалку има одоговори на кои граѓаните им веруваат, одоговори кои се валидни за нив. Институциите велат едно, а реалноста е нешто поинакво. Таа е исполнета со грчевита трка да се врзе не месец за месец, туку веќе ден со ден „Имам зет во Гостивар, во стаклара работи 30 години, денар не земал сега, отпуштен е од работа. Само ќерка ми работи во болница, а внуката на студии е. Со една плата.“ „Се живее едноставно тешко. Луѓето никако неможат да се снајдат. Невработеноста е голема. Не би сакал да кажам дека многу крадеа. Можеби има нешто, штом народот така вели.“ „Сиромаштије е, каде да се работи. Три години работев во касарна како професионален војник. Сега сум излезен од работа. Нема работа. Мизерија голема е. Без пари како да се живее. “

Недоверба кон ветувањата оти од утре во Македонија ќе потече мед и млеко

Луѓето во овој дел на Македонија главната вина и виновниците за предолгата транзициона голгота на земјата и за крајно влошената социо – еконосмка ситуација ги наоѓаат во политичките гарнитури на власта, која и да било досега. Со голема сомничавост и неверување ги примат ветувањата па и колнењата на политичарите, дека од утре во Македонија небаре ќе потече мед и млеко „Големите луѓе во владата, тие се одговорни за оваа работа , ноикој друг. Моментално има сиромаштнија но со работиве, со политикиве, тоа се многу лоши работи. Што да каже човек? Незнам. “ „ Незнам што луѓе ќе дојдат. Ако дојдат исти џабе се, а ако дојдат подобри луѓе, ќе биде подобро.“ „ И социјалтата и економијата е лоша.“ „Државата не може да најде пари, за жал ова е држава на социјални случаи.“, „ Незнам“, „Не може никој паметен човек да знае до кога ќе биде вака“

Надеж за подбро утре

Еден од странските туристи, кој и порано доаѓаал во Македонија рекол - ова беше земја на луѓе со насмеани луѓе, зошто сега ги има помалку? Можеби насмевката сега е сокриена на крајот на лицата, не е дека ја нема, неа и оптимизмот. Луѓето кои зборуваа за Дојче Веле, Македонци, Албанци и од другите етникуми што живеат во Тетово посочуваат: излезот може и мора да се најде за да се подобри стандардот и животот, но на тоа да не се чека предолго.