1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде се парите?

Elizabeta Milosevska-Fidanoska21 септември 2010

Во Њујорк продолжува тридневниот самит на ОН посветен на милениумските цели, кој се одржува во рамките на 65. Генерално собрание на Светската организација, а на кој учествуваат околу сто лидери на земји.

https://p.dw.com/p/PHtZ
Фотографија: AP

На почетокот, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара од индустриските држави зголемување на напорите, за во следните пет години да бидат постигнати во 2000-та година договорените цели - преполовување на светската сиромаштија и гладот. Бан Ки Мун извлече мешан биланс од постигнатото во изминатите десет години во остварувањето на милениумските цели. Постои напредок, на пример, во областа на образованието и во згрижувањето на болните од сида, но во други области, како борбата против гладот, останува уште многу да се направи.

Merkel UN 2010 New York
Ангела Меркел (л.): Да се понуди помош за самопомошФотографија: AP

„Правиме чекори напред, но тие се кревки. Освен тоа, не смее да се заборави дека времето истекува, имаме уште премногу работа“, предупреди Бан.

Обврски имаат и земјите приматели на помош

Германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе се обрати денеска пред делегатите, смета дека обврски постојат не само за земјите даватели на развојна помош, туку и за нејзините приматели. Треба да бидат заострени условите за развојната помош и да постои добра владина координација.

„Не се работи само за парите, туку и за тоа што се случува со нив. Не е доволно да се создаде индустрија на развојна помош, туку да понудиме помош за самопомош“, истакна Меркел.

До утре на самитот на ОН за милениумските цели ќе траат советувањата околу новите стратегии во борбата против сиромаштијата. Организациите за човекови права предупредија дека се потребни храбри заклучоци заради вистинска реализација на зацртаните цели.

Автор: Тим Јанцки / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска