1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Казни и за Зидан и за Матераци

21 јули 2006

Зинедин Зидан и Марко Матераци , главните протагонисти во инцидентот на финалниот натпревар од светкото првенство во фудбал во Германија , од дисциплинаската Комисија на Фифа ,се казнети со релативно благи и воедначени казни.

https://p.dw.com/p/AeiR
Фотографија: AP

Капитенот на француската репрезентација Зидан поради ударот со глава во градите на Матераци е казнет со забрана за играње на три натпревари , додека пак на италијанскиот репрезентативец кој вербално го провоцирал Зидан му беше изречена забрана за играње на два натпревари.

Покрај ова Зидан мора да плати и парична казна во вредност од 7500 швајцарски франци , Матераци пак 5000 франци .

Канените мерки кои ги одреди ФИФА меѓутоа повеќе го погодуваат 32 годишниот Матераци кој ќе мора да отсуствува на првите два натпревари на својата репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2008-ма година. 34 годишниот Зидан кому финалето му беше последниот натпревар во кариерата казната ќе ја одработи на поинаков начин . Портпаролот на ФИФА Андреас Херен за деталите:

„Зинедин Зидан ја заврши кариерата и поради тоа вети дека во замена за трите натпревари за кои е казнет , три дена доброволно ќе работи во рамките на социјалните и хуманитарни програми на ФИФА“

Инаку вчера не дојде до соочување на двете фудбалски ѕвезди во Цирих. Само Зидан беше присутен во канцелариите на ФИФА и сослушувањето траеше час и половина . Матераци беше во Цирих на сослушување минатата недела. И двајцата фудбалери притоа истакнале дека навредите со кои Матераци го испровоцирал Зидан биле од лична природа и немале расистички белези, како што претходно се шпекулираше.

Инаку Зидан поради ударот со глава беше исклучен во второто продолжение од финалето , во кое на крајот Италија славеше по подоброто изведување на пенали.