1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква Македонија очекувате по изборите?

Кристина Озимец
8 декември 2016

„Иста“, „подобра“, „пропадната“. Ова се дел од одговорите на граѓаните за нивните надежи за тоа каде ќе се движи Македонија откако ќе завршат најнеизвесните избори во нејзината историја.

https://p.dw.com/p/2Tw6w
Mazedonien Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski

Направивме кратка анкета во центарот на Скопје, каде ги прашавме дел од граѓаните каква Македонија очекуваат по завршувањето на изборите, кои се најсилните впечатоци кои им ги остави предизборната кампања и дали политичарите испратиле пораки кои им се допаднале.

За дел од нив, по изборите нема да се промени многу, освен ако не се преземат драстични чекори и реформи со кои земјата ќе тргне напред, особено економски. За други, изборите носат оптимизам за промени и различна политика од онаа која се водеше во последната декада. Трети пак се големи песимисти и велат дека не очекуваат ништо позитивно по завршувањето на изборите.

Повеќе за тоа како граѓаните гледаат на престојните избори во видео анкетата во продолжение.

Граѓаните за Македонија по изборите