1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Како вистински балет“

СН/ агенции
18 февруари 2019

Три експлозии и на периферијата на Дортмунд засекогаш исчезна импозантно парче од градската историја. Контролирано беше урната 50 години стара термоцентрала.

https://p.dw.com/p/3DalJ
Stillgelegtes Kraftwerk Gustav Knepper wird gesprengt
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

Поранешната термоцентрала Кнепер во близина на Дортмунд беше разнесена во неделата, според распоредот. Оџакот со големина од 210 метри, високиот ладилник со височина од 128 метри и котелската постројка со височина од 70 метри, беа разурнати напладне со три контролирани експлозии и се претворија во добри 28.400 тони отпадоци од челик и градежни урнатини. Електричната централа беше затворена во 2014 година поради нерентабилност. 

Како изгледаше овој спектакл кој во живо беше пренесуван на локалната телевизија погледнете во следново видео:

Контролирано уривање на електроцентрала во Дортмунд

 „Сè помина според планираното и без компликации",  изјави портпаролот на компанијата за уривање, а организаторот на уривањето воодушевено истакна: „Поубава кореографија од уривање на згради со контролирани експлозии не може да се создаде. Тоа е навистина балет".

Deutschland Castrop-Rauxel Stillgelegtes Kraftwerk Gustav Knepper wird gesprengt
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

На местото на урнатата електроцентрала на 580 илјади квадратни метри површина сега треба да биде изграден логистички центар.