1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се натера Иран на соработка

30 август 2006

Иран нема да запре со облагородувањето ураниум,што од него го бара Советот за безбедност на ОН. Со тоа неговата игра со ова тело продолжува,зашто иранскиот претседател е свесен за неединството во Советот.САД сега бараат воведување санкции,Русија и Кина се против.

https://p.dw.com/p/Adxs
Иранскиот одговор повторно е -не
Иранскиот одговор повторно е -неФотографија: picture-alliance/dpa

Вербалните напади од Техеран повторно предизвикаа возбудување во Советот за безбедност на ОН во врска со атомскиот спор пред истекот на ултиматумот.Иако уште од писмениот одговор беше јасно дека Иран нема да престане со спорното облагородување ураниум до 31 август,до кога гласи рокот.Американскиот амбасадор Џон Болтон по острите тонови од иранскиот претседател бара итни консеквенци:

-Бевме сосема јасни:ако не добиеме безусловно прифаќање на Резолуцијата,ќе следат санкции.

Претставникот на Вашингтон би сакал дебата за Иран со Советот за безбедност уште в петок.

Но,дури и Велика Британија,најблискиот сојузник на САД,предупредува на внимателност.Најпрво треба да се сочека следниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија,а потоа вето силите и Германија да ја усогласат стратегијата кон Иран.Русија и Кина во меѓувреме се повторно воздржани во однос на санкциите како ограничување на патувањата,замрзнување на финансиските средства во странство или ембарго за атомската техника.

И покрај задршките во Москва и во Пекинг,амбасадорот од Лондон во Њујорк,Сер Емир Џонс Пери е оптимист:

-Шесте земји имаат договор околу стратегијата,а тој важи.Сега треба да се продискутираат идните чекори.

А тоа,според британскиот амбасадор во ОН може да трае до септември.За Вашингтон премногу долго.А во случај Москва и Пекинг и натаму да се спротиставуваат,американскиот амбасадор во Њујорк,Џон Болтон веќе размислувал како да се најде излез:тој бара создавање коалиција на согласните,која еднострано би вовела економски и финансиски санкции кон Иран,а притоа мисли пред се на Јапонија или на Европа.Ова не е непознат потфат,барем не за Вашингтон:

-САД воведуваа многупати санкции кон Иран поради долгата традиција на Техеран како државен спонзор на терористички активности.

Болтон не сака да размислува дека вжештената ситуација на Блискиот исток не е вистински момент за санкции и може да предизвика последици и во либанскиот конфликт.

Во Њујорк барем засега не станува збор за воени опции,иако коментаторите сакаат тоа да го прочитаат меѓу редови од изјавите на американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд.Актуелната Резолуција за Иран дозволува примена на соодветни економски и политички санкции.