1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се убеди Советот на ЕУ за почеток на преговори со Македонија?

15 март 2012

По усвојувањето во Европскиот парламент на новата Резолуција за напредокот на Македонија се поставува прашањето како таа може да биде спроведена?

https://p.dw.com/p/14Koh
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Резолуцијата за напредокот на Македонија во Европскиот парламент доби силна поддршка- 582 европратеници гласаа „за“ и јасно уште еднаш побараа Македонија во најкус рок да добие датум за преговори со ЕУ. Притоа само 70 европратеници беа „против“ и 34 беа воздржани. Прашањето кое сега се поставува е како ќе се убеди Советот на ЕУ да донесе одлука во насока на резолуцијата и препораката на Комисијата.

„Статус квото не може да продложи. Ние се ангажиравме кон земјите од Балканот за да им дозволиме да станат членки на ЕУ. Земјата за која јас сум одговорен, нагласувам, дека нејзиното зачленување во ЕУ е многу важно. Не сано за неа, туку и за другите земји од Балканот и затоа таа не смее да се остави настрана.“ , нагласува известувачот за Македонија Ричард Хауит.

На прашањето кое Дојче Веле му го постави на Хауит, како ќе биде спроведена неговата резолуција на дело и како ќе се убеди Советот на ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите, известувачот за Македонија одговара:

„Да успееме да добиеме поддршка од мнозинството на земјите, преку политичките партии и групи со реформи внатре во земјата, што ќе дозволи да се најде решение за да преговорите почнат. Јас ја поздравувам најавата на данското претседателство кое рече дека е подготвено да помогне и да го стави на дневниот ред на Советот ова прашање, за време на нивното претседателство. Тоа покажува дека нештата се можни, мојата работа е да тоа што е можност се претвори во реалност.“

Richard Howitt
Известувачот на ЕП за Македонија, Ричард ХауитФотографија: picture alliance/dpa

Скопје и Атина се притискаат да најдат решение

Германскиот европарламентарец, Бернд Поселт од редовите на Народните партии, кој не ги крие симпатиите за Македонија, размислува слично. Тоа само сведочи дека во Европскиот парламент по прашањето за почетокот на преговорите со Македонија постои политички концензус.

„Ние сега организираме инцијативи во сите престолнини, каде разговараме со владите и истовремено подготвуваме прашања за Советот кои ќе му бидат поставени на пленарна сесија на ЕП. Истовремено ги координираме и активностите со Европската комисија која исто како и комесарот Штефан Филе се залага за почеток на преговорите. Јас исто така разговарам со моите грчки колеги за да му стават крај на оваа неверојатна блокада. Тоа е неприфатливо за Европа“ , вели Поселт.

Bernd Posselt / Europaparlament / EU-Parlament / Straßburg
Германскиот европарламентарец, Бернд ПоселтФотографија: bernd-posselt.de

„Ние во ЕУ и во ЕП вршиме притисок врз двете страни за да има можно решение. Ние сме тие кои што треба да ги направиме нештата можни. Не можеме да останеме настрана и да критикуваме, туку треба да создадеме услови за да се успее. Што ќе дозволи да преговорите започнат“, додава британскиот лабурист Ричард Хауит.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски