1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како до карта за светското фудбалско првенство?

28 март 2006

Фудбалските фанови имаат нова шанса да стигнат до карта за светското фудбалско првенство во Германија. Организациониот комитет на првенството на интернет отвори нов портал за фановите од цел свет.

https://p.dw.com/p/Aeiy
Фотографија: dpa

Во организациониот комитет на Светскотофудбалско првенство во Франкфурт владее сигурност – порталот за билети на интернет функционира многу лесно. Треба да се отвори само страната на Светското првенство www.FIFAworldcup.com . Кој таму ќе ја понуди својата карта или сака да ја даде некому, ќе биде така да се каже, воден сам од себе:

“Таму ќе ги најдете сите информации за тоа како да стигнете до карта или како да ја продадете сопствената карта. Таму има објаснувања и ќе ви биде помогнато, во тоа сум сигурен, и во најтешките случаи“, објаснува Герд Граус од Организациониот комитет.

Можност број еден: билетот да му се префрли на друго лице. Тоа чини 10 евра и се одвива во рамки на семејството или на трето избрано лице. Притоа на Организациониот комитет треба да му биде веродостојно образложено зошто самите не можете да ја искористите картата. Звучи компликувано, но само така може да се спречи картите да завршат на црниот пазар по превисоки цени:

“Ние размислуваме секогаш во интерес на фановите. Ќе видиме дали ќе се прават обиди да се наведуваат причини за картите да се префрлаат од рака нарака. Тоа ќе биде проверувано. Нема да биде едноставно, јасно е, но нашите соработници се за тоа обучени и за тоа се тука.“

Можност број два: својот билет да се понуди на продажба. Понудувачот на билетот за тоа не мора да плати. Но, своите пари пари ќе ги добие дури тогаш, кога картата ќе најде купувач. Тој тогаш ја плаќа не само картата, туку и таксите за обработка во висина од 15 евра:

“Причина за тоа е што моравме да донесеме посебен софтвер за оваа програма. Потребно берше програмирање и ни беа потребни луѓе кои оваа програма ќе ја обработат. Затоа персоналните трошоци се поголеми.“

Сојузот на потрошувачи во Берлин го критикува ваквото повторно продавање. За Организациониот комитет навистина да ги продаде сите карти, треба да нуди само карти кои навистина се продадени. Сепак, двете страни се согласни со ваквото решение. Кристијан Фронтшак од Сојузот на потрошувачи вели:

“Како често досега, ова е некаков среден пат и ние го прифаќаме како компромис и нема да велиме НО. Но, сепак, многу работи можеа да се направат поинаку. Ова е нашиот заеднички компромис, кој кога ќе се реализира сигурно ќе биде задоволителен за фановите.“

Порталот за билети ќе биде отворен во две фази. Првата завршува на 9 април, а втората ќе трае од први мај до два дена пред почетокот на определениот натпревар за кој се однесува билетот. Во меѓувреме од 9 април до 1 мај, картите ќе бидат отпечатени и испратени.