1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како изгледа борбата против тероризмот во правна држава?

7 март 2006

И германските Либерали се за формирање посебен истражен одбор на Бундестагот за улогата на германските тајни агенти во ирачката војна

https://p.dw.com/p/Ac8N
Дали БНД им помагала на Американците во Ирак?
Дали БНД им помагала на Американците во Ирак?Фотографија: dpa - Bildfunk

-Сојузната влада пропушти голема шанса,изјави претседателот на фракцијата на Либералите во Бундестагот,Волфганг Герхард.

-Шансата,на парламентот и на јавноста да и објасни околу спорните активности на тајната служба и улогата на претходната влада во тоа.Тоа не се случи и затоа е обврска на најголемите опозициони фракции да ги расветлат отворените прашања преку истражен одбор.Герхард и префрли на канцеларката Меркел што од обзир кон коалициониот партнер,Социјалдемократите,направи грешка и го избегна прашањето за политичката одговорност во аферата со тајната служба.

По одлуката за формирање истражен одбор,Либералите во согласност со другите две опозициони фракции,Левите и зелените,сакаат денеска да го поднесат барањето.Пратеникот од Либералите во парламентарниот контролен одбор ,Макс Штадлер покрај прашањето со улогата на тогашната сојузна влада во ирачката војна сака да разјасни и друго:

-Како изгледа борбата против тероризмот во една правна држава?Овие размислувања се особено јасни ако се има предвид прашањето,дали е точно дека се користат одредени ситуации со затвори како Гвантанамо или во Сирија за собирање информации.

Либералите не сакаат да знаат само за активностите на БНД во Багдад и во Катар.Нив повеќе ги интересира објаснување за тајните летови на американската тајна служба ЦИА во Германија и случајот со Ел Масри.

Претставникот на Социјалдемократите во Парламентраното контролно тело Олаф Шолц сите овие прашања ги смета за одговорени.Извештајот на владата за активноста на германските агенти во Багдад и во Катар е убедлив:

-Од тоа може да се заклучи дека не постојат основи за тоа дека биле собирани и предадени било какви информации за одбранбените планови.Тоа јасно го потврди извештајот на владата.Таа демантира дека вакви или слични информации од германски извори биле предадени на САД.

За опозицијата напротив е недвојбено:законот околу контролното парламентарно тело и со тоа контролата над јатната служба мора итно да се измени.